Претходна статија
Македонска Каменица доби нов градски пазар
Следна статија
ТЕМА: Автопати треба да градиме со внимателно согледување на просечниот проток на возила

Чаир бара консултант за гасификација

Објавено на 09.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Консултантска компанија ќе ја советува локалната власт од Чаир во спроведувањето на процесот на гасификација. Општината денеска објави оглас за изработка на физибилити студија за определување на оправданоста од воспоставување на договор за јавно – приватно партнерство за развој на дистрибутивната мрежа за природен гас. Со овој документ треба да се испита оправданоста од изградбата на секундарната гасоводна инфраструктура и ќе се утврдат трасите на гасоводната мрежа низ најгусто населената општина во Скопје. Заинтересираните субјекти за учество на јавниот повик треба да ги достават понудите најдоцна до 22 април.

 

Министерството за економија и локалната власт од Чаир во јануари годинава потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на Проектот за гасификација на оваа општина. Покрај физибилити студијата, во претстојните месеци треба да се изготви и студија за проценка на влијанието врз животната средина од гасификацијата. По комплетирањето на оваа фаза, општина Чаир ќе објави повик за пронаоѓање приватен партнер којшто би инвестирал во проектот. Поради огромната густина на населението, малата површина на општината и близината на магистралниот гасовод, се смета дека овој проект би можел да го привлече интересот на домашни и странски компании кои успешно функционираат во оваа дејност.