Претходна статија
Во Тетово се модернизира уличното осветлување
Следна статија
Перформативно-истражувачкиот проект „Кога зградите би зборувале“ викендов во рамки на МОТ

„Чагатај Кабло“ гради нова фабрика во ТИРЗ Скопје

Објавено на 27.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Турската компанија „Чагатај Кабло“ денеска ја започна изградбата на новата фабрика за производство на кабли за автомобилската индустрија во ТИРЗ Скопје. Во првата фаза од реализацијата на оваа инвестиција е планирано да се изгради објект со површина од 7.000 метри квадратни. Во него ќе се вложат 4 милиони евра и ќе се вработат 100 лица. Во следната фаза е предвидено проширување на производствениот капацитет и дополнително вложување од 2 милиони евра.

 

*ТИРЗ Скопје

 

Сопственикот на компанијата Ахмет Короглу изјави дека производството во Скопје би можело да започне кон крајот на март или почетокот на април 2018 година. Скопската фабрика ќе биде насочена првенствено кон производство на кабли за автобуси за белгиската компанија Ван Хол, којашто има свој производствен погон во индустриската зона Бунарџик. На денешното поставување на камен – темелник на овој објект присуствуваше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.