Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Фонтаната на Филип Втори го добива својот лик
Следна статија
Фасадата на владината зграда ќе започне да се менува во октомври

Булеварот Св. Климент Охридски проширен на нови 350 метри

Објавено на 14.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес беше отворен за сообраќај проширениот и реконструиран сегмент од булеварот Св. Климент Охридски во Скопје, на потегот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Димитрије Туцовиќ, во должина од 350 метри. На отворањето присуствуваа премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Проектот го реализираше градежната компанија „Гранит“, а го финансираше Градот со 30,5 милиони денари, односно околу половина милион евра.

 

Сообраќајницата е проширена со по една коловозна лента од двете страни (кон средишното зеленило), со што се добиени вкупно шест коловозни ленти, широки по 3,5 метри. Странично се изведени бехатонски тротоари и велосипедски патеки, а во средишниот дел е оформена жардиниера од префабрикувани елементи со површина од 867 метри квадратни, во која е засадена трева и околу 3.000 цвеќиња – петунии и бегонии. Градоначалникот Трајановски вети дека во средишниот појас на булеварот наесен ќе бидат засадени и 40 листопадни декоративни дрвја.

 

Градот Скопје минатата година по сличен терк го прошири булеварот Св. Климент Охридски и на потегот од крстосницата со улицата Мито Хаџивасилев Јасмин до крстосницата со булеварот Партизански одреди во должина од 524 метри, за што беа одвоени околу 37 милиони денари.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

####

####

извор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопје

извор: Град Скопје