Претходна статија
Скопје ќе добие Marriott Hotel
Следна статија
Сергеј Бубка предаде во употреба нова атлетска патека во Охрид

Булевар Србија во полн булеварски профил на нови 700 метри

Објавено на 15.05.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Моментална состојбаОд неодамна е пуштен во сообраќај сегмент од проширениот булевар Србија, помеѓу крстосницата со булевар Видое Смилевски Бато и бензинската пумпа на Макпетрол, а комплетно се асфалтирани вкупно 700 метри, непосредно до крстосницата со булевар 12-та Македонска Бригада. Поставено е и ново осветлување, а во наредниот период следува поставување на бехатон плочки на тротоарите и велосипедската патека. На крстосницата со 3-та Македонска Бригада и 12-та Македонска бригада почна асфалтирањето на кракот 2 од вкрстувањето. На кракот 3 се поставуваат рабници и до крајот на месецот ќе почне асфалтирањето и на тој дел. Истовремено ќе се асфалтираат уште 300 метри од проширувањето на булеварот Србија, во насока кон улицата Првомајска. На овој дел претходно беше направена заштита на подземната инсталација, а дел од инсталацијата беше дислоцирана. За полесно вклучување и исклучување на возилата кои доаѓаат од населбата Лисиче, се работи и на уредување на сервисната улица што води покрај пругата. Во оваа фаза на надградба на булеварот е опфатена должина од 1.720 метри. Работите почнаа во јули 2009, инвестицијата изнесува околу 2 милиони евра, а изведувач е Мавровоинженеринг.


Форумска дискусија за овој проект » овде


Галерија:

# # #
# # #
# # #
# # #
# # #