Претходна статија
Модернизација на агрегатите во РЕК Битола
Следна статија
Привршува расчистувањето за спортски центар во Аеродром

Булевар Србија напредува бавно

Објавено на 17.12.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Моментална состојбаВо тек се градежни работи за надградба на булеварот Србија на потегот од крстосницата со булеварите Јане Сандански и Видое Смилевски-Бато до крстосницата со булеварите 3-та Македонска Бригада и 12-та Македонска Бригада. Се градат две дополнителни сообраќајни ленти на источната страна, широки по 3,5 метри. Финалниот слој на асфалт се најавува за напролет. Во рамки на проектот предвидено е и средишно зеленило, осветлување, тротоари и велосипедски патеки. По ист терк ќе се продолжи со надградба и на сегментот во продолжение, до улицата Првомајска, кој е дел од истата фаза на проектот. Оваа фаза стартуваше во јули годинава. Со нејзе е опфатена должина од 1.720 метри и ќе чини околу 2 милиони евра. Изведувач на работите е Мавровоинженеринг.


#Комплетирањето на булевар Србија и досега го карактеризираше бавна реализација.  Најавите датираат уште од времето на градоначалникот Пенов. Трифун Костовски за време на својот мандат изгради сегмент што недостасуваше во близина на цементарницата „Усје“ и со тоа ја реализираше првата фаза од проектот. Работите се одвиваа во периодот февруари-септември 2008, а изведувач беше Гранит.



Проектот за надградба на булеварот Србија е изработен во 2005 година. Во текот на надградбата ќе биде направена и реконструкција и проширување крстосниците со Првомајска и 3-та Македонска Бригада. Исто така, паралелно се прават поголеми зафати околу атмосферската канализација, со што се очекува да биде решен хроничниот проблем со поплавување во реонот.