Државниот завод за статистика избројал 251 паркиралишта и гаражи, со површина од 718.255 метри квадратни, на територијата на целата земја. Во споредба со 2014 година, бројот на паркинг места во земјава лани бил зголемен за 6,8%. Според обработените податоци, 22.591 место за паркирање се на отворен простор, 3.854 места за паркирање има во покриените гаражи, додека во катните гаражи имало 4.846 места за паркирање. Статистичарите пресметале дека во 2015 година е зголемен бројот на местата за паркирање за 20,1%, во покриените гаражи зголемувањето изнесува 12,9%, додека во катните гаражи тој бележи пораст од 34,9%.
Бројот на местата за паркирање на отворен простор за лицата со посебни потреби во 2015 година изнесувал 412, во покриените гаражи 74, додека, а во катните гаражи изнесувал 53. Со истражувањето на Државниот завод за статистика се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Република Македонија и паркиралиштата на општините.