Претходна статија
Се менува фасадата на „Пелистер“
Следна статија
Петте сообраќајници се реконструираат со променливо темпо

Бранителите добија споменик во Битола

Објавено на 30.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во строгиот центар на Битола пред Саат кулата е поставен новиот споменик во чест на загинатите седум битолски бранители од вооружениот конфликт во 2001 година. Споменикот претставува ангел со раката вперена кон небото, тежок е еден и пол тон, висок е повеќе од четири метри, а вкупната висина заедно со постаментот изнесува седум метри. Изработен е од страна на вајарот Ангел Коруновски, за чија реализација беа потребни осум месеци. Финансиите за паметникот на битолските бранители ги обезбеди општина Битола во вкупен износ од 150.000 евра, додека за хортикултурното уредување на околината се погрижија битолските јавни претпријатија.

 

Од Здружението на загинатите бранители на Република Македонија најавуваат поставување на централен споменик на бранителите во Жена парк во Скопје, чие подигнување се очекува кон крајот на наредниот месец. Во меѓувреме, и во Прилеп се привршува спомен – обележјето „Карпалак“ посветено на загинатите резервисти од овој град. Поводот за поставување на спомениците и спомен – обележјата е зачувување на споменот на загинатите бранители на точно една деценија од воениот конфликт од 2001 година.

 

Поставување на споменикот во Битола, извор http://www.bitola.gov.mkПоставување на споменикот во Битола, извор http://www.bitola.gov.mkсегмент од откривањето на споменикот во Битола, извор http://www.bitola.gov.mk

 

 

 

Бојан Блажевски