Како што беше најавено минатиот месец, четири тениски терени ќе бидат изградени во општината Илинден, веднаш до спортската сала „Гоце Делчев“. Премиерот Никола Груевски денеска го означи официјалниот почеток на работите. Се очекува терените да бидат готови за пет до шест месеци.