Денес стартуваше долго најавуваната изградба на првата секција од жичарницата, со која ќе се поврзат Средно Водно и Милениумскиот крст. Официјалниот почеток на проектот вреден 6,7 милиони евра го означија премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Опремата ќе ја испорача австрискиот производител Допелмаер.