Претходна статија
Одбележани 68 години од основањето на Градежниот факултет во Скопје
Следна статија
Август ни донел двојно поголема бројка на предвидени станови за градење

Бизнисмените од Балканот предлагаат електрификација на автопатиштата

Објавено на 09.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Балканските бизнисмени предлагаат електрификација на автопатиштата во регионот, со што би се овозможило користење на електричните автомобили. Реализацијата на овој проект ќе биде најавена на Самит 100, којшто ќе се одржи на 16 и 17 октомври во Скопје. Европската Унија ќе обезбеди финансиски средства за реализација на ваквиот проект, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод одржувањето на овој регионален настан. Деталите за реализација на овој проект ќе бидат лично соопштени од еврокомесарката за транспорт Виолета Булц. Идејата е да се воведе електрификација на патната инфраструктура во должина од 2.400 километри, со што ќе се поврзат сите поголеми градови од регионот.

 

 

„Како домаќин на овогодинешниот Самит 100, навистина ми е драго што енергијата е препознаена од голем број бизнис и политички лидери кои ги очекуваме во следните денови во Скопје“ истакна генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Јелена Радуловиќ, програмски директор на Самит 100, рече дека настанот од година во година се унапредува и се дава нова димензија на иницијативата. Темата на овогодинешното издание ќе биде „Поврзување“ од сите можни аспекти, вклучувајќи транспорт и бесплатно карго преку проектот „Зелена Балканика“.