Претходна статија
Стопирана изградбата на катната гаража кај Автомакедонија
Следна статија
Државата ќе гради плажи во Охрид, општината ќе управува со нив

Битола ќе се советува околу изградбата на фудбалскиот стадион

Објавено на 25.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Консултантска куќа избрана на тендер ќе ја советува локалната самоуправа од Битола пред да започне изградбата на новиот фудбалски стадион под „Тумбе Кафе“. Веќе е распишан повикот за пронаоѓање на субјект што ќе изготви физибилити студија за утврдување на оправданоста за склучување на јавно – приватно партнерство за изградба на спортската арена. Наместо со средства од буџетот, од Општина Битола се надеваат дека ќе најдат заинтересиран приватен инвеститор што би вложил во реализацијата на овој објект, и кој за сметка на тоа би го добил на управување во определен временски период. Консултантските куќи ќе треба да достават понуди најдоцна до 30 септември.

 

 

 

Ако советодавните услуги се позитивни, тогаш Општината во следната фаза ќе може да распише оглас за пронаоѓање на приватен партнер во изградбата на фудбалскиот стадион. „Мегарон Инженеринг“ веќе ја изготви проектната документација за објектот, која предвидува подигање на три нови трибини, реконструкција на постоечката јужна трибина и на атлетската патека. Стадионот со планиран капацитет од 12.000 гледачи би ги задоволил меѓународните стандарди на ФИФА и УЕФА, со што на него би можела да игра и македонската национална репрезентација. Проценетата вредност на овој проект изнесува околу 8 милиони евра.

 

» Форумска дискусија за овој проект