Претходна статија
До топол дом со добра изолација
Следна статија
Реконструкцијата на пругата кон Бељаковце ќе доцни цела година

Бит – пазар ќе ја чека наредната година за најавената урбанизација

Објавено на 07.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изработката на нов урбанистички план за подрачјето околу Бит – пазар е главната причина за одложување на реализацијата на новиот пазар. Изградбата доцни веќе неколку месеци, а според најавите од надлежните локални власти и од инвеститорот, се очекува градежните активности да започнат во март 2015 година. Урбанистичкиот план за подрачјето ќе биде донесен од страна на Општина Чаир во јануари или февруари.

 

Од „Скопски пазар“, како инвеститор во проектот, за весникот „Дневник“ велат дека промената на потребите и условите зацртани со Генералниот и со Деталниот урбанистички план ја одложиле планираната инвестиција. Новиот објект ќе се простира на површина од 10.000 метри квадратни, со приземје и кат. Пазарот ќе се состои од 1.400 тезги што ќе бидат лоцирани во приземјето, додека на првиот кат ќе се продаваат непрехранбени производи и на овој простор ќе бидат сместени дуќаните. За да се реши моменталниот проблем со паркирањето, ќе се изгради и мала катна гаража. Вкупната инвестиција во целиот проект ќе изнесува околу 10 милиони евра. Автор на идејното решение за новото комерцијално здание е Кокан Грчев.