Претходна статија
Градоначалникот задоволен, стручната јавност со критики за новиот ГУП на Скопје
Следна статија
Бизнисот со билборди ќе трпи промени

„Бетон Штип“ со нови газди

Објавено на 02.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во изминатите две седмици 51,2% од акциите на „Бетон Штип“ ја сменија сопственоста. Почнувајќи од 14 септември, во три блок трансакции на Македонската берза акциите ги купија друштвото за градежништво „Тим“ (20,4%), штипската винарска визба „Езимит“ (15,8%)  и „Орка Холдинг“ (15%). Единечната цена на акциите при продажбата беше 1.620, 2.000 и 3.000 денари, а вкупната сума достигнува околу 755 илјади евра. Нема обврска да се даде јавна  понуда за преземање на слободните акции бидејќи ниту еден од новите сопственици поединечно нема удел од најмалку 25%. Меѓу оние кои ги продадоа своите удели во овие трансакции се Илија Бреслиски, генерален директор на „Бетон Штип“ (20%) и хрватскиот приватен инвестициски фонд „НФД Ауреус“ (18,3%).

 

Компанијата има 190 вработени и беше ангажирана на неколку проекти во центарот на Скопје, меѓу кои Стариот театар и Музејот „Македонска борба“. Првата половина на 2012  ја заврши со добивка од околу половина милион денари, со побарувања во висина од 110 милиони денари и со обврски од 132,5 милиони денари.