Претходна статија
За спорните ДУП-ови во Центар последен збор ќе има Уставниот суд
Следна статија
Фабриката Карпош со значително намалена добивка во првото полугодие

„Бетон“ ќе го гради панорамското тркало на Вардар за 18,3 милиони евра

Објавено на 04.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„ЈСП Скопје“ склучи договор за изградба на реквизитниот објект „Панорамско тркало“ кој треба да се издигне на нов мост на Вардар, помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“. Изведувач ќе биде скопски „Бетон“, на чија сметка ќе легнат 18,3 милиони евра. На тендерот можеа да учествуваат домашни и странски компании, кои во последните три години имале минимален приход не помал од 5 милиони евра за секоја година поединечно.

 

Најавеното панорамско тркало (извор: Massabni Architects)Најавеното панорамско тркало (извор: Massabni Architects)Најавеното панорамско тркало (извор: Massabni Architects)

 

 

„Барокното“ панорамско тркало ќе има дијаметар од 57 метри, а целиот објект ќе се издигне 73 метри над брегот на реката. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од од 750 килограми, односно просечно осум места за возрасни и две за деца во секоја од нив. Максималниот капацитет на Панорамското тркало ќе биде 300 луѓе. Како придружни објекти планирано е да се изградат кафетерија, сувенирница и ресторан. Рокот за завршување на изградбата е пет години.

 

Најавеното панорамско тркало (извор: Massabni Architects)Најавеното панорамско тркало (извор: Massabni Architects)

 

 

Градот Скопје за изработка на проектот за Панорамското тркало веќе потроши половина милион евра. Изготвувањето на проектот и беше доверенo на австриската „a2 Hotelconcept GmbH“, според идејното решение на „Massabni architects GmbH“, исто така од Австрија.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект