Претходна статија
Исцрпени се субвенциите за купување велосипед во општина Карпош
Следна статија
Отворена изложбата „Скопските вертикали“ - приказна за 50 висококатници на Скопје

БЕГ: Топлификацијата ќе се шири кон западните делови на Скопје

Објавено на 08.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Балкан енерџи груп (БЕГ) се подготвува за проширување на топлификационата мрежа во Скопје кон новата населба „Александрија“ и за навлегување на територијата на општината Ѓорче Петров. Компанијата планира да ја зголеми бројката на корисници со проширување на инфраструктурната мрежа кон западните делови на Скопје. На централното парно греење како услуга на БЕГ во моментов се приклучени околу 51.000 корисници, а нивната бројка се очекува да расте и во наредниот период. Од оваа компанија планираат и во текот на наредната година да продолжат со дистрибуцијата на топлинска енергија, за што имаат лиценца за работа со времетраење од 35 години.

 

 

Од компанијата посочуваат дека во изминативе години се инвестирани 10 милиони евра во топлификационата мрежа на Скопје. Како последица на тоа, ефикасноста на системот за централно греење е заокружена на 88% во текот на минатата година. Бројните инвестиции во инфраструктурната мрежа вклучиле и обнова на над 16 километри од топловодните цевки низ целиот главен град. Од БЕГ во моментов работат на замена на два магистрални вода во должина од 4,5 километри.