Претходна статија
Општина Кисела Вода доби нов Дом на културата
Следна статија
Новиот Луна парк во Скопје ќе почека уште еден тендер

„Бауер БГ“ ќе го гради водоводот во Општина Сопиште

Објавено на 29.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Сопиште ја избра фирмата „Бауер БГ“ од Скопје за изградба долгонајавуваниот систем за снабдување со вода за пиење за населените места на територијата на оваа општина. Реализацијата на регионалниот водовод Патишка река ќе се одвива во временски период од 18 месеци. Според податоците објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, изведбата на водоводната мрежа ќе чини 140.335.956 денари, или околу 2,2 милиони евра. Изведувачот на работите е избран врз основа на селекцијата помеѓу осум градежни компании кои доставиле свои понуди на распишаниот тендер.

 

 

Со планираниот проект треба да се зафатат водите на Патишка река, но и да се изведе цевковод во должина од 22 километри што ќе ја носи водата до населените места. Покрај за обезбедување на питка вода за пиење на постоечките села, новиот систем за снабдување со вода треба да се искористи и за приклучување на елитната населба Сончев град. Актуелниот тендер за изведба на инфраструктурниот проект беше објавен кон крајот на март годинава.