Претходна статија
Објавен Конкурс за идејно решение за Луна паркот во Скопје
Следна статија
Владата подготви нов Закон за градежно земјиште

„Бауер БГ“ ќе го гради пешачкиот мост над автопатот кај Хиподром

Објавено на 24.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Жителите на скопската населба Хиподром во иднина нема да претрчуваат на автопатот Скопје – Петровец. Ќе се гради нов пешачки мост на влезот во главниот град, со што ќе се надмине овој децениски проблем во овој дел на Скопје. Градежната компанија „Бауер БГ“, од страна на градската власт е избрана за изведувач на градежните работи на инфраструктурниот објект, кој треба да биде реализиран во временски период од осум месеци. За реализација на проектот од градскиот буџет се издвоени средства во висина од 38.136.283 денари или над 610 илјади евра. На распишаниот тендер од почетокот на октомври годинава со свои понуди учествуваа три градежни фирми.

 

 

 

Покрај на локацијата кај населбата Хиподром, граѓаните на општина Гази Баба веќе неколку години бараат да се изгради пешачки мост над автопатот и во населбата Автокоманда. И на две локации во овие населби постои голема фреквенција на луѓе, кои непрописно го преминуваат автопатот поради непостоењето на адекватен инфраструктурен објект за оваа намена. Градот Скопје во август 2012 година објави и оглас за изведба на пешачки мост кај бензинската пумпа на „Лукоил“ во Автокоманда, но проектот до денешен ден не е реализиран.

 

 

Бојан Блажевски