Претходна статија
Здравствениот дом во Гевгелија реновиран со помош од САД
Следна статија
Се најдоа пари и за пристапната улица околу плоштадот „ВМРО“

Барокниот поход ќе ја проголта и зградата на „Пелагонија“

Објавено на 30.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владиниот проект „Скопје 2014“ продолжува да се шири низ централното градско подрачје. Следниот објект што треба да го промени својот препознатлив изглед во „барок“ е зградата на „Пелагонија“ на плоштадот Пела, за која Градот Скопје пред една недела склучил договор за доградба и реконструкција на фасадата во вредност од 117.858.367 денари, односно за дури 1,9 милиони евра. Со потпишаниот договор е предвидена изведба на целосно нов надворешен изглед на објектот лоциран на улицата Димитрие Чуповски, број 2. Градежните работи во наредните 12 месеци ќе ги изведува трговското друштво „ЛСГ Билдинг Солушнс“ од Скопје, кое доставило најниска цена во конкуренција на шест компании.

 

 

 

Градските власти пред една година ги објави идејните решенија на дел од зградите што гравитираат околу улиците Македонија, Димитрие Чуповски и 11 Октомври во центарот на Скопје. Најавените реконструкции се вметнаа во Програмата за реконструкција и доградба на објекти од централното градско подрачје, при што од локалната самоуправа истакнаа дека сите најавени промени се прават во согласност со станарите и со сопствениците на деловните простории лоцирани во овие објекти. Меѓу тогашните архитектонски трудови, беше презентирано и решението за новата фасада на зградата на некогашна „Пелагонија“.

 

 

Бојан Блажевски