Претходна статија
Енергетски ефикасна фасада на објект на булевар „Климент Охридски“
Следна статија
Политичката криза ја однесе курбан и пругата кон Бугарија

„Балкан консалтинг“ ќе го проектира автопатот Букојчани – Кичево

Објавено на 06.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во конкуренција на пет домашни и странски компании, Јавното претпријатие за државни патишта ја избра фирмата „Балкан консалтинг“ од Скопје за изработка на основниот проект за изградба на автопатската делница Букојчани – Кичево. Проектната документација ќе треба да биде завршена во рок од 18 месеци, а „Балкан консалтинг“ ќе наплати 31.199.200 денари, односно нешто над 500 илјади евра.

 

Предвидената траса на автопатот Гостивар - Кичево

 

 

Автопатската делница од Букојчани до Кичево е составен дел на пан-европскиот Коридор 8. Станува збор за една од двете делници на автопатот Гостивар – Букојчани – Кичево со должина од 42 километри. Трасата е значително поместена од постоечкиот магистрален пат помеѓу Гостивар и Кичево во правец на исток, избегнувајќи го превојот „Стража“. Целиот автопат е зацртано да се гради по пат на јавно-приватно партнерство, за кое дополнително треба да се објави меѓународен тендер од кој ќе се види заинтересираноста на компаниите да инвестираат во капиталниот инфраструктурен проект. За спроведување на оваа постапка е ангажирана и меѓународната консултантска куќа International Finance Corporation (IFC).