Претходна статија
Обновата на „Идризово“ недовршена, премиерот згрозен од условите во затворот
Следна статија
„Веро“ годинава со три нови продажни објекти во земјава

„Баџак Инжењеринг“ ќе го гради Паркот на бранителите во Куманово

Објавено на 12.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Центарот за развој на Североисточниот плански регион ја избра скопската фирма „Баџак Инжењеринг“ за изведба на партерното уредување на регионалниот комплекс на базени во Куманово. Со овој проект ќе се реализира најавениот Парк на бранителите, којшто е зацртан пред Градскиот базен во Куманово. Партерното уредување на просторот треба да се изведе најдоцна до 20 ноември годинава. Договорот бил потпишан пред еден месец, а неговата вредност е во висина од 6.260.010 денари. Заедно со паркот, изведувачот е должен да постави и влезна порта на Бислимската клисура, лоцирана на територијата на Општина Куманово.

 

 

Паркот на бранителите во Куманово беше неодамна најавен од тамошните општински власти. На локацијата е предвидено да се постават неколку спомен обележја на македонските бранители. Меѓу нив, во овој парк ќе се изведе и обележје во спомен на осумте припадници на безбедносните сили коишто загинаа во мај 2015 година во кумановското Диво Насеље.