Претходна статија
„Еуро Стил“ ќе го догради шеталиштето во Охрид
Следна статија
Започна изградбата на новата Клиничка болница во Штип

Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде завршен до 2017 година

Објавено на 03.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во отсуство на официјални податоци од државните органи, информации околу изградбата на автопатот Миладиновци – Штип денеска изнесе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека 93 отсто од трасата на автопатот веќе е пробиена. Голем дел од инфраструктурниот објект долг 47 километри е асфалтиран, а во моментов се работи на повеќе клучки од автопатот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски појасни дека проектот се реализира според предвидената динамика и оти ќе биде завршен навреме.

 

 

 

„За неговата изградба се ангажирани речиси 700 работници, а покрај овој автопат во Македонија се градат или реконструираат три други автопати“, изјави Груевски. Автопатот Миладиновци – Штип треба целосно да се изгради најдоцна до февруари 2017 година. За проектот се обезбедени 206 милиони евра преку кредит од кинеската Ексим банка. Изведувач на градежните работи е кинеската компанија „Синохидро Корпорација“, додека како подизведувачи се ангажирани „Гранит“ и „Бетон“ од Скопје. Во состав на автопатот има седум клучки, пет подпатници, армирано бетонски мост и пет вијадукти.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект