Претходна статија
Наместо нов објект, Универзалната сала ќе се реконструира
Следна статија
Владата ќе продолжи со изградбата на социјални станови и во 2016

Автобускиот транспорт со негативни резултати на крајот од 2015 година

Објавено на 19.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Граѓаните на крајот од минатата година помалку го користеле автобускиот превоз за патување. Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2015 година е регистриран најдрастичен пад од 33,9% кај меѓуградскиот автобуски превоз, со кој се транспортирани 1.736.000 патници. Намалување од 9% во периодот октомври – декември 2015 година е забележано кај приградскиот автобуски превоз. Статистичарите пресметале дека во овој период низ македонските градови со автобус биле превезени 14.845.000 патници, што претставува зголемување од 1,8% кај јавниот градски превоз во споредба со истиот период од претходната година.

 

 

 

Позитивен тренд на раст кај работењето на автобуските превозници е констатиран кај меѓународниот автобуски превоз. Во четвртиот квартал од 2015 година со автобус биле транспортирани 191.000 патници кон некоја од дестинациите во странство. Во однос на истиот период од 2014 година, бројот на патничките километри кај транспортерите е намален за 4,5% во градскиот превоз, за 30,4% во приградскиот превоз, за 46,2% во меѓуградскиот превоз, додека кај меѓународниот сообраќај намалувањето било 6,6%.