Автотранспортните претпријатија од земјава бележат негативни резултати од работењето во првиот квартал од 2016 година. Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 11,6% во споредба со периодот јануари-март 2015 година. Меѓуградскиот автобуски превоз во идентичниот период бележи опаѓање на бројката на патници од 19,3%, додека кај меѓународниот превоз на патници е забележано намалување од 13,2%. Позитивни резултати се забележани единствено кај приградскиот автобуски превоз, каде има зголемување од 14,2% кај бројот на патници.
Во однос на истиот период од 2015 година, бројот на патничките километри во приградскиот превоз во периодот јануари-март 2016 година е зголемен за 24,7%, а во градскиот превоз за 2,6%. Во меѓуградскиот превоз е забележано намалување кое изнесува 10,6%, како и во меѓународниот превоз каде што намалувањето изнесува 20,8%.