Опаѓа бројот на патници во македонските автобуси. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз во периодот јануари – март 2018 година е намален за 1,2% во однос на идентичниот период лани. Зголемување на бројката на патници од 25,1% е забележана кај меѓуградскиот автобуски превоз, додека во сите други видови на транспорт има пад – градскиот превоз има намалување од 4,5%, приградскиот превоз од 1,6% и во меѓународниот превоз од 6,4%.
Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници на почетокот од годинава е намален за 4,4%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 13,1%, во приградскиот превоз е зголемен за 5,8%, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 13,6%, додека во меѓународниот превоз е намален за 10,7%.