Претходна статија
Отпочнува капиталниот проект за продолжување на улицата Љубљанска кон Злокуќани
Следна статија
Пролетва ќе продолжи реконструкцијата на фудбалскиот стадион во Прилеп

Австријци заинтересирани да го градат Клиничкиот центар

Објавено на 01.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц, македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека компанија од Австрија е заинтересирана да инвестира во идниот Клинички центар – Скопје преку евтино финансирање од страна на Австрија. Понудата ќе биде разгледана од владата во претстојниот период, а главната идеја е да се намалат севкупните трошоци за реализација на најзначајниот здравствен комплекс во Македонија.

 

 

„Деталите ќе ги добиеме на писмено и дома ќе ги разгледаме за да може да се исконсултираме со опозицијата, со стручни луѓе, со експертите. Верувам дека тоа ќе даде можност за брза постапка за реализација на Клиничкиот центар“, изјави премиерот Зоран Заев.

 

Идниот Универзитетски клинички центар во Скопје ќе се гради на местото Веле Поле – општина Ѓорче Петров. Проектот треба да чини околу 480 милиони евра, а неговата изградба би траела од 4 до 5 години. Здравствениот комплекс би се простирал на површина од 90 хектари. Покрај клиниките и Медицинскиот факултет при УКИМ, во идниот комплекс е предвидено да се сместат хотели и спа центри како дополнителни инвестиции што би овозможиле и јавно – приватно партнерство за изведба на проектот.

 

Избраната локација за Универзитетскиот клинички центар во Скопје се наоѓа покрај скопската обиколница, а во нејзина близина минува и железничката пруга Скопје – Кичево.