Претходна статија
Шест нови видови типски куќи од Министерството за транспорт и врски
Следна статија
Започна реконструкцијата на битолската, на ред се уште три железнички станици

„Астрекс“ ќе работи на проектот за идната марина во Охрид

Објавено на 15.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Успешно е заокружен Конкурсот за избор на идејно решение за надградба на градското пристаниште и за изградба на нова марина во Охрид. Трудот изработен од скопската фирма „Астрекс“ се стекна со втората награда во вредност од 100.000 денари, додека третонаградено е конкурсното решение на авторот Васко Крстевски. На архитектонскиот Конкурс учествувале седум архитекти и бироа, а жири-комисијата одлучи да не ја додели првата награда. Повикот до професионалната фела за доставување на авторските трудови беше распишан кон крајот на декември 2015 година.

 

 

 

Додека се работи на подготовка на неопходната документација, македонската влада, во соработка со општина Охрид, треба да се одлучи на која локација ќе ја градат идната марина. Како можно решение се нудат две локации, и тоа првата е постоечкото градско пристаниште во центарот на Охрид, додека втората солуција е Студенчишкото блато. Финансиските средства за проектот ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Охридските екологисти веќе јавно се спротиставија на изградбата на марина на просторот на Студенчишкото блато, додека од владата на ваквите прозивки одговорија дека со проектот ќе се унапреди охридскиот туризам.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk