Претходна статија
Техничката влада ќе ја дели дистрибутивната гасоводна мрежа низ цела Македонија!
Следна статија
Граѓаните и компаниите од денеска ќе имаат он-лајн увид во сите урбанистички планови

Архитектот Јан Гел в среда ќе одржи предавања во Скопје

Објавено на 27.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Данскиот архитект Јан Гел во среда ќе одржи две предавања во Скопје. Првиот настан, со почеток од 10 часот, ќе се одржи во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет и е отворен за сите заинтересирани лица. Вториот настан, со почеток од 14 часот, со збирно место пред „Холидеј Ин“, е со ограничен број на слушатели и за истото е неопходно да се пријавите преку електронска пошта до Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Предавањето насловено како „Градови за сите“ се одржува со поддршка на Архитектонскиот факултет при УКИМ, Конзулатот на Кралството Данска во Р.М., Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

 

 

Познатиот архитект Јан Гел ја предводи компанијата Gehl Architects-Urban Quality Consultants. Во своето професионално портфолио се запишани предавањата на Данската Кралевска Академија. Автор е на неколку книги, меѓу кои: Градови за луѓето, Живот помеѓу згради, Нови градски простори, Јавни простори – јавен живот и други. Јан Гел е член на Кралскиот Институт на Англија – RIBA, на Американскиот Институт – ABA, на Канадскиот Институт – RAIC и на Институтот за архитектура на Преторија – PIA.