Претходна статија
Помина уште една пропадната година за новиот Клинички центар во Скопје
Следна статија
Комплексот „Милци“ ќе се поврзе со автопатот од Коридор 10

Архитектонско предавање на Кристоф Фелгер во Скопје

Објавено на 05.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Архитектонскиот факултет од Скопје во вторник, на 10 ноември, ќе биде домаќин на предавање на архитектот Кристоф Фелгер, кој е партнер и дизајн директор на едно од најпознатите светски архитектонски бироа „David Chipperfield Architects“ од Берлин. Јавното предавање со наслов „Stories about designing“ ќе се одржи во амфитеатарот на факултетот, со почеток од 19 часот. Познатиот архитект пред македонската професионална фела ќе се претстави со структурата на развојот на нивните досегашни дизајнирани објекти, од идеја до реализација.

 

 

 

Предавањето на Кристоф Фелгер е отворено за секој заинтересиран поединец. Самиот настан е дел од сесијата предавања од програмата на Архитектонскиот факултет при УКИМ за 2015/2016 година. Од најстарата високообразовна архитектонска установа во земјава очекуваат дека претстојните предавања ќе претставуваат стимул за развој на архитектонската култура, како за академската, така и за професионалната јавност во земјава.