Претходна статија
Излагање на Павел Вељаноски на Архитектонскиот факултет
Следна статија
Турски „Мурат Тиџарет“ ќе гради фабрика за кабли во ТИРЗ „Скопје 2“

Архитектонскиот критичар Лукаш Станек во понеделник ќе одржи предавање во Скопје

Објавено на 01.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Архитектонскиот критичар Лукаш Станек, во понеделник (4 декември), со почеток од 20 часот, во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ, ќе го одржи предавањето насловено „Архитектите од социјалистичките земји во Западна Африка од ерата на Студената војна: Отворањето кон светот на искуството од Источна Европа“. Станек во своите трудови дава опсежен приказ на подзаборавените градителски проекти реализирани од социјалистичките земји, со особен акцент на искуството на извозните претпријатија од Полска.

 

Во своето богато творештво од областа на издаваштво, Лукаш Станек е посветен на истражувањето на севкупниот опус на Анри Лефевр. Воедно, тој е и предавач на Истражувачкиот центар по архитектура при Универзитетот во Манчестер, Велика Британија.