Претходна статија
Спортско - рекреативен комплекс ќе се гради во општина Аеродром
Следна статија
Ќе се реконструира кејот на Црн Дрим во Струга

Архитектонскиот факултет организира изложба во Битола

Објавено на 29.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изложбата „Архитектурата како фактор на културна одржливост на македонските градови“ ќе биде отворена во текот на утрешниот ден во битолската галерија „Магаза“. Архитектонската изложба е подготвена по повод промоцијата на истоимената книга, која претставува научно – истражувачки проект изработен од Архитектонскиот факултет од Скопје, во соработка со Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Загреб. Проектот ја третира важноста на архитектурата како културна дисциплина за одржливиот развој на македонските градови, преку мерките и методите на консолидирање на реката Драгор со урбаното ткиво на Битола, според принципите на еколошкиот урбанизам.

 

 

 

Битолската јавност ќе има можност да ја проследи архитектонската изложба во периодот до 8 мај. Истовремено, граѓаните од овој град ќе можат да се запознаат со резултатите од научно – истражувачкиот проект. Издавач на книгата „Архитектурата како фактор на културна одржливост на македонските градови“  е Архитектонскиот факултет од Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.