Претходна статија
ТЕМА: Купуваме двособни, сонуваме за петособни станови
Следна статија
Големата награда за архитектура на БИМАС 2012 му припадна на проектот „Селски двор“

Архитектонскиот факултет е домаќин на манифестацијата „Градба со сламени бали“

Објавено на 14.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Граѓанската организација „Зелената арка“ од 15 до 16 мај на Архитектонскиот факултет во Скопје ќе организира предавање, работилница, изложба, проекција на документарен филм и отворен разговор на темата: „Градба со сламени бали“. На настанот со свое предавање ќе се обрати Сиси Хајн, како претставничка на германската асоцијација за градба со сламени бали ФАСБА и експерт за методите и техниките на градба со сламени бали. Во рамките на манифестацијата, гостинката Хајн ќе ја одржи работилницата за основните техники при градбата со сламени бали, а ќе учествува и на отворениот разговор на тема „Градба со сламени бали“. Дводневната програма предвидува и проекција на документарниот филм „Сламени глави“ од Хајди Шнел.

 

Градбата со сламени бали, како градежна техника и пристап својствен за одржливата архитектура, е особено актуелен во целиот свет поради достапноста, исплатливоста, обновливоста, исклучителната термоизолациска вредност и ред други полезни својства на материјалот. Целта на организацијата „Зелената арка“ е студентите по архитектура и градежништво, но и сите заинтересирани граѓани, подобро да се запознаат со уште еден пристап за дизајн, проектирање и изградба, кој е истовремено поврзан со одржливиот начин на живот. Настанот се одржува во соработка со Друштвото за македонско германско пријателство и соработка од Скопје, со поддршка на Гете институтот од Скопје и на Архитектонскиот факултет од Скопје.

 

#