Претходна статија
Субвенции за домаќинствата за приклучување на природен гас во Струмица
Следна статија
Растат трошоците за изградба куќа

Архитектонски конкурс за проектирање на затворен училишен базен во Чаир

Објавено на 28.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Чаир распиша Конкурс за избор на идејно решение за идниот затворен училишен пливачки базен, којшто ќе биде лоциран во кругот на училиштето „Рајко Жинзифов“ во населбата Топанско поле. Покрај базен со димензии од 25 метри должина и 8,80 метри ширина, објектот ќе треба да содржи соблекувални, гардеробери, санитарни јазли и тушеви, простор за судија/тренер и магацински простор.

 

За избор на најсоодветното идејно решение е формирано тричлено жири во состав: Ејуп Адеми, Недим Рама и Томи Стефановски. Комисијата ќе ги оценува пристигнатите архитектонски трудови врз основа на три критериуми: оригиналност, креативност и инвентивност на понудените решенија, примена на автентичен архитектонски израз на понуденото идејно решение и понудено идејно решение за уредувањето.

 

 

Заинтересираните автори имаат рок до 5 април за да ги достават своите трудови. На Конкурсот е предвидено да се додели прва награда во бруто износ од 40.000 денари.