Претходна статија
Од 5-ти јуни нови субвенции за велосипеди во Општина Центар
Следна статија
Плоштад „ВМРО“ ќе никне и во Крива Паланка

Архитектонски конкурс за иден развој на автокампот „Ливадиште“

Објавено на 06.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) денеска публикуваше Конкурс за избор на идејно решение за автокампот „Ливадиште“ во Струга. Од архитектите се бара да понудат решенија за развој на туристичкиот локалитет со вкупна површина од 55 хектари. При изборот на најсоодветното идејно решение ќе одлучува жири – комисија оформена од државната компанија, во состав: Маја Станојевска, Милош Стокука, Благица Андоновска и Никола Каровски. ЕЛЕМ планира да додели прва награда во висина од 310.000 денари, втора награда од 120.000 денари и трета награда од 70.000 денари. Заинтересираните автори и архитектонски бироа треба да ги достават своите трудови најдоцна до 11 мај.

 

Распишувањето на архитектонскиот Конкурс за автокампот „Ливадиште“ следува по подготвената физибилити студија за оправданоста од доделување на договор за јавно – приватно партнерство за изградба на туристички комплекс. Во согласност со замислата на ЕЛЕМ, на локалитетот треба да се изградат сместувачки капацитети, објекти за комерцијални и деловни намени, угостителски локали, здравствени установи и објекти за спорт и рекреација. Од државната компанија веќе изготвија и Извештај за стратегиска оценка на животната средина за урбанистичко планската документација за автокампот „Ливадиште“.