Претходна статија
Македонецот и автомобилот во нераскинлива врска при транспортот
Следна статија
РЕПОРТАЖА: Изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица се ближи кон финишот

Архитектонска работилница на кејот на Вардар

Објавено на 13.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонската организација „City Creative Network“, во соработка со „Ensamble Zurich“, во периодот од 15 до 30 јули во Скопје ќе ја одржат работилницата со наслов „НАУТИЛУС КОНСТРУКТ: Градење на отворена сцена во Скопје“ на Кејот на реката Вардар, пред Младинскиот културен центар. На настанот ќе учествуваат 20 студенти по архитектура од ETH Zurich и од Архитектонскиот факултет во Скопје. Ментори на проектот се Дамјан Кокалевски и Берит Саидел од катедрата на професорот Филип Уршпрунг од ETH Zurich, додека ко-ментори се Милан Диневски и Немања Зимоњиќ.

 

 

 

Архитектонската работилница се одржува со поддршка на Prince Claus фондот, Градот Скопје, Младинскиот културен центар, Министерството за култура и на ETH Zurich.