Претходна статија
До крајот на годинава ќе заврши санацијата на Спомен - костурницата во Велес
Следна статија
„Спомен домот на Тоше Проески“ со уште една архитектонска награда

Архитектонска изложба во битолската Автономна зона

Објавено на 20.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На Автономната зона на Техничкиот факултет во Битола вечерва беше отворена изложбата СТАВ – Студентска архитектонска визија. Младите македонски архитекти цврсто стојат зад секоја прогресивна идеја и даваат целосна поддршка на Студентски Пленум. Од тие причини, осмото патување на оваа изложба пред публиката започнува на Автономната зона на Техничкиот факултет во Битола, велат архитектите. Станува збор за дипломски проекти на генерацијата запишани архитекти во 2006 година на Архитектонскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

 


* Извор на фотографија: Студентски Пленум – УКЛО
Меѓу проектите што ќе бидат изложени се вбројуваат културни центри, винарии, реадаптации на напуштени индустриски објекти, планетариуми, урбанистички планови, проекти за заживување на македонските села, нови градски центри, облакодери и многу други архитектонски проекти и урбанистички планови. Авторите на овие творби посочуваат дека се инспирирани од светските трендови во архитектурата, при што истите беа оценети како висококвалитетни од професорите на Архитектонскиот факултет.

 

„Сакаме крајот на универзитетската етапа да го затвориме со една изложба каде покрај нашите професори ќе може и јавноста да ја види креативноста што ја поседуваме. Да види што можат да очекуваат од нас во иднина и која е нашата архитектонска визија“, велат од СТАВ. Покровител на оваа изложба е Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

 

 

 

Бојан Блажевски