Во Музејот на Град Скопје утре ќе биде отворена архитектонската изложба со наслов „Училиште за нас“, на која ќе бидат претставени пристигнатите 21 труд од неодамнешниот Конкурс за избор на идејно решение врз чија основа ќе се гради новата училишна зграда во населбата Капиштец. Во музејските простории ќе се претстават трудовите што беа доставени до локалната власт, меѓу кои е и првонаграденото идејно решение на архитектите Бесиан Мехмети, Стефан Атанасовски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебипи. Организатори на изложбата се Општина Центар и Музејот на Град Скопје