Архитектонскиот факултет при УКИМ и Општина Куманово на 28 февруари, со почеток од 20 часот, ја организираат изложбата на архитектонски проекти од предметот селектирани теми од објекти за колективно домување „ПРОТОТИП НА ГРАДИНА ЗА ДЕЦА – НАПРАВЕНО ВО КУМАНОВО“, изработени од студентите на Архитектонскиот факултет. Настанот ќе се одржи во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово.