Претходна статија
Албанија го помести патниот Коридор 8 од Ќафасан на Дебар
Следна статија
Заврши изградбата на првиот станбен објект од комплексот „Александрија“

Архитектката Сара Симоска меѓу победниците на меѓународниот конкурс ДОМ Русија

Објавено на 07.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Во својство на главен архитект на пријавениот тим, македонската архитектка Сара Симоска е избрана за еден од 20-те победници на меѓународниот конкурс за избор на проекти за ново стандардно домување во Русија. Конкурсот беше во организација на Владата на Русија и Стрелка КБ и на него учествуваа околу 400 архитектонски тимови од целиот свет. Огромниот успех на македонскиот тим е издејствуван со проект, којшто учествувал во категоријата централен модел, кој понудил 150 станови од 15 различни типови сместени во една кула од 18 ката и во четири згради од по четири ката.

 

*Архитектката Сара Симоска; Извор на фотографија: Архитектонски факултет при УКИМ.

 

Во следната фаза од изработката на проектната документација, македонскиот тим ќе премине на изработка на основниот проект за градба на новите објекти. Покрај архитектката Сара Симоска, во изготвувањето на амбициозниот проект беа вклучени и помошник архитектот Александар Алексоски (внатрешно проектирање на една зграда), Мохамед Ибраим (3Д визуелизација), Димитар Петровски и Илина Цветкова (технички цртежи), Ивона Шукуроска (предмер) и Саво Симоски (консултант).

 

Огромниот мега – проект на Руската Федерација предвидува изградба на нови живеалишта за 30 милиони луѓе во периодот до 2025 година. Со проектот би се изградиле 900 милиони метри квадратни корисна површина, со што би се замениле најголем дел од постојните советски згради „хрушчовка“ и „брежњевка“, особено во Московскиот регион. Ваквиот потег на руското раководство се смета за еден од најголемите градителски проекти во светот, којшто би можел да промени значителен дел од досегашниот урбан пејсаж на руските градови.