Претходна статија
Втора шанса за скопјани годинава да добијат субвенции за набавка на печка на пелети
Следна статија
Во скопската железарница ќе се гради нов објект од тешката и загадувачка индустрија?

Архитектката Даница Павловска добитничка на Наградата „13 Ноември“

Објавено на 01.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2018 година. Од областа на архитектурата, добитничка на Наградата „13 Ноември“ е архитектката Даница Павловска – Циги, една од предводниците на граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ и поранешна претседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), чиј мандат траеше за време на самиот почеток и во значаен дел од реализацијата на проектот „Скопје 2014“.

 

 

Со својата одлучност и истрајност, архитектката Даница Павловска уште од самиот почеток на проектот „Скопје 2014“ се спротивстави на владините идеи за преуредување на централното градско подрачје. Во подоцнежните години активно се вклучи во одбрана на модернистичката архитектура во Скопје, за што редовно објавуваше и свои текстови во моменти кога мнозинството од архитектите молчеа. Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ ќе нагласи дека архитектката Даница Павловска – Циги заслужно се стекнува со оваа награда „за долгогодишната посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје во сферата на планирање и управување со просторот.“