Министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска во име на македонската влада денеска го потпиша договорот за државна помош со американската компанија ТЕЛАМОН, претставувана од директорот на претставништвото во Скопје, Том Пуза. Министерката Апостолска потенцираше дека инвеститорот од САД ќе вложи 4.000.000 евра во нова фабрика во скопското село Инџиково и ќе отвори 300 нови работни места. Американскиот производител на кабли има Развоен план, со кој планира вкупната инвестиција во нашата земја да достигне околу 11 милиони евра.
*Извор на фотографија: Влада на Р.М.
Премиерот Зоран Заев посочи дека новите инвестиции ќе отворат работни места и ќе придонесат за инвестирање во знаење и нови технологии. Вицепремиерот Кочо Анѓушев истакна дека ТЕЛАМОН е дојдена во Македонија пред само шест месеци и за толку кусо време се направени подготовките за инвестицијата. „Првиот квартал од 2018 година, странските инвестиции бележат вредност од 235 милиони евра, што е повеќе од било кој квартал, тргнувајќи од 2007 година па наваму“ изјави вицепремиерот Анѓушев.