Претходна статија
„Тинекс“ гради логистичко - дистрибутивен центар во општина Петровец
Следна статија
До Пинтија ќе се вози по булевар

Американски Кап-Кон отвори фабрика во зоната Бунарџик

Објавено на 07.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Фабриката на американската компанија „Кап-Кон аутомотив технолоџис“ е најновата реализирана инвестиција во Технолошко индустриската развојна зона во Бунарџик. Премиерот Никола Груевски денеска го пушти во употреба погонот за производство на инфлатори за воздушни перничиња „АРЦ Аутомотив Македонија“, во кој беа инвестирани 18 милиони долари. Произведените компоненти за автомобилската индустрија ќе бидат извезувани првенствено на европскиот пазар. Во новиот индустриски објект се вработија 75 лица.

 

* Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

 

Американскиот инвеститор во наредниот период планира да вложи и во отворање на технички центар во нашата земја, во кој ќе се смести инженерска поддршка за автомобилската индустрија. Главниот извршен директор на „Кап-Кон аутомотив технолоџис“, Али Ал Хаџ посочи дека фабриката во Македонија ќе биде нивниот централен фокус на европскиот пазар. „Нашиот план е да го зголемиме производството во претстојните недели до 2,5 милиони единици годишно“, изјави Ал Хаџ. Македонската влада го потпиша договорот со „Кап-Кон аутомотив технолоџис“ за инвестирање во фабриката во Бунарџик во декември минатата година.