Претходна статија
180 милиони денари годинава ќе се инвестираат во регионалните патишта во Гевгелија
Следна статија
МЕПСО набавува нов систем за мониторинг на преносот на електрична енергија

Американската компанија „ДУРА“ гради нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2

Објавено на 16.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на нова фабрика на американската компанија „ДУРА Аутомотив Системс“ во ТИРЗ Скопје 2. Станува збор за производствен погон со површина од 16.000 метри квадратни, со чија изградба ќе се отворат 500 нови работни места. Почетната американска инвестиција во овој индустриски погон е 18 милиони евра. Со целосното заокружување на инвестицискиот план, за десет години од оваа компанија во Македонија ќе бидат вложени 36 милиони евра.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Американскиот производител очекува новиот објект во Бунарџик да биде изграден до крајот на годинава, додека кон средината на 2019 година да почне и производството во фабриката. „Уште една американска компанија охрабрена да инвестира во нашата земја, е само потврда дека навистина, македонската економија се движи во посакуваниот правец“ изјави премиерот Зоран Заев.

 

Компанијата „ДУРА Аутомотив Системс“ има 100 годишна традиција во својот бизнис, со 36 фабрики отворени во 14 земји низ светот и околу 9.500 вработени. Оваа американска фирма е дел од конзорциумот Патријарх Партнерс, која на годишно ниво остварува приходи од околу 1,7 милијарди долари.