Претходна статија
Фабриката Карпош прослави јубилеј од основањето
Следна статија
Уште 200 илјади евра за довршување на „Македонско село“

„Алкалоид“ пушти во употреба нов магацински простор во Ѓорче Петров

Објавено на 18.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Магацински простор за високо – регално складирање на козметички производи и медицински помагала е најновата инвестиција што ја реализираше фармацевтската компанија „Алкалоид“ од Скопје. Новиот современ објект со површина од 1.600 метри квадратни и висина од 13 метри е лоциран во скопската населба Ѓорче Петров. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1,2 милиони евра, финансиски средства обезбеди од сопствени извори на компанијата и од WeBSEFF кредитната линија на Европската банка за обнова и развој, наменета за енергетско ефикасни проекти во кои се користат обновливите извори на енергија.

 

####

 

 

Во зданието е инсталирана топлинска пумпа која обезбедува енергија за климатизација на просторот преку употреба на подземните води како ресурс, инсталирани се штедливи светилки и ЕКО фасадни панели за термичка изолација. Објектот располага со 3.114 палетни места за високо – регално складирање на козметички производи и медицински помагала, како и целокупна опрема за манипулирање со готовите производи. Магацинскиот простор е изведен во согласност со најновите стандарди за ваков тип објекти, во однос на сеизмичките карактеристики и противпожарната заштита.