Претходна статија
Македонските аеродроми итаат кон милионитиот патник во 2013 година?
Следна статија
Објектите ќе се класифицираат според енергетската ефикасност

Агенцијата за државни патишта ги раскина договорите со „Алпине Бау“

Објавено на 11.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Изградбата и реконструкцијата на 47 локални патишта во земјава ќе продолжат да ја изведуваат домашните „Гранит“ и „Бетон“ од Скопје и „Илинден“ од Струга. Овие фирми и досега работеа како подизведувачи на обемниот владин проект. По банкротот на австрискиот градежен гигант „Алпине Бау“, Агенцијата за државни патишта ги раскина двата договора со оваа компанија и ја активираше банкарската гаранција во висина од околу 4,5 милиони евра. Од предвидените 47, австријците досега завршиле само 14, десетина започнале со градба, а активностите за изведба на останатите локални патишта воопшто не се стартувани. Очекувањата се дека агенцијата во текот на наредната недела ќе успее да ги наплати финансиските средства од гаранцијата.

 

„Алпине Бау“ прогласи банкрот пред 20-тина дена, оставајќи зад себе многу недовршени проекти во неколку земји. Покрај локалните патишта, австријците во земјава работеа на изградбата на управната зграда на „Водовод и Канализација“ и концертната сала на Македонската филхармонија во Скопје, како и на реконструкцијата на две железнички делници од Коридорот 10. На зданијата што се градат во центарот на Скопје во моментов не се одвиваат никакви активности, а конечните одлуки за понатамошната реализација на овие проекти треба да се донесат во претстојниот период. Од владата апелираат да се испочитуваат критериумите во потпишаните договори, за да не се наруши јавниот интерес на земјата.