Претходна статија
Втора фаза од изградбата на општинската зграда во Карпош
Следна статија
Три традиционални куќи кај Чинарот во Охрид добија нови фасади

АЕК ќе донира милион евра за изградба на Панорамското тркало

Објавено на 15.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„Барокното“ панорамско тркало, кое треба да никне над реката Вардар, помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“, добива нови донатори. Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) одлучила да му донира еден милион евра на ЈСП-Скопје како помош при неговата изградба. Со овој чекор започнува прибирањето донации од страна на државните институции, кои заедно со буџетот на Република Македонија, треба да го снабдат скопското јавно претпријатие со дел од неопходните финансиски средства за претстојните градежни работи. Сумата која се најавува дека ќе се потроши за новиот објект од проектот „Скопје 2014“ изнесува 18,3 милиони евра. Како изведувач на активностите на терен се јавува скопски „Бетон“, кој изминативе недели го огради просторот на кој ќе се изведува Панорамското тркало.

 

 

 

Реквизитниот објект „Панорамско тркало“ ќе има дијаметар од 57 метри и ќе се извиши 73 метри над брегот на реката. Тркалото  ќе има 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми, кои ќе можат да соберат по осум возрасни лица и две деца во секоја од нив. Максималниот капацитет ќе биде 300 луѓе. Во рамки на пристапниот мост ќе има сувенирница, ресторан и кафетерија. Рокот на изведба на објектот е пет години.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект