Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор распиша оглас за изработка на проектна документација за изградба на објекти за индивидуално домување во скопските општини Ѓорче Петров, Гази Баба и Илинден. Од АДСДП бараат проекти за максимум три различни типски куќи кои ќе се градат на пет локации во Ѓорче Петров, пет локации во Гази Баба и осум локации во Илинден. Во објавениот тендер се трага по проектна документација со применети рационални, современи и издржани решенија. Рокот за доставување на понудите за изработка на проектите истекува на 3 март, а во текот на истиот ден е закажано и нивното јавно отворање.