Претходна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Гинекологија „Чаир“ подарок од Чехословачка
Следна статија
Град Скопје ќе го искористи јавниот простор за организирање изложби на отворено

„Адинг“ со раст на добивката од над 60% во првите шест месеци

Објавено на 16.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Компанијата „Адинг“ од Скопје во првото полугодие од 2018 година остварила раст на добивката од над 60% во однос на идентичниот период лани. Како што се наведува во консолидираниот финансиски извештај, од производството на градежни материјали во периодот јануари – јуни 2018 година е остварена сеопфатна добивка од 14.141.000 денари. Оперативните приходи на компанијата се искачиле на 169.992.000 денари, додека на страната на расходите се регистрирани вкупно 156.342.000 денари.

 

 

Приходите од продажба на македонскиот пазар во првите шест месеци бележат намалување и истите имаат вредност од 122.521.000 денари. Наспроти нив, „Адинг“ успеал да ја зголеми продажбата на странските пазари, која што достигнала вредност од 46.374.000 денари, се наведува во извештајот објавен на веб – страницата на Македонска берза.