Компанијата „АДИНГ“ од Скопје во текот на 2018 година остварила за 2,7% помала добивка од работењето во текот на 2018 година. Како што се наведува во неконсолидираниот и неревидиран годишен извештај, добивката пред оданочување во текот на изминатите 12 месеци изнесувала 19.594.000 денари. Оваа фирма за производство и пласман на адитиви и хемиски производи за градежништвото лани остварила вкупен приход од 317.857.000 денари, што е за 7,7% помалку во однос на 2017 година.
Во извештајот објавен на веб – страницата на Македонска берза се наведува дека вкупните расходи на компанијата биле заокружени на 298.263.000 денари, односно за 8% помалку во споредба со 2017 година. Капиталните инвестиции на скопски „АДИНГ“ во 2018 година изнесувале 7.629.000 денари, додека залихите на готови производи се зголемиле за 1.945.000 денари.