Претходна статија
Фабрика за секундарна селекција на отпад ќе се гради близу Прилеп
Следна статија
Казна од Општина Центар за изведувачот на улицата на кејот

АД “Карпош“ со намалена добивка во првиот квартал

Објавено на 02.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Севкупната добивка на АД „Карпош“ во првиот квартал од годинава се намалила на 11.747.000 денари. Споредено со истиот период лани, профитот на оваа компанија од градежниот сектор опаднал за 58%. Според податоците од неконсолидираниот и неревидиран извештај кој денеска беше објавен, билансот на успех покажува дека главна причина за ваквото придвижување се опаднатите приходи од продажбата, кои достигнале 108.365.000 денари во периодот јануари-март 2017 година. Оперативната добивка на АД „Карпош“ во првите три месеци изнесувала 33.332.000 денари, додека оперативната загуба се искачила до 15.810.000 денари. Оваа градежна фирма во текот на 2016 година оствари зголемување на добивката од 23%.