Министерството за транспорт и врски во наредните осум месеци ќе гради пешачка патека околу Преспанското езеро. Изградбата е во насока на натамошен развој на туристичката понуда во преспанскиот регион, а беше најавена уште во 2010 година. Градежните работи ќе ги изведува АД „Карпош“ од Скопје, на која ќе и бидат исплатени 54.317.717 денари (883.000 илјади евра) за реализација на проектот. Финансиските трошоци за новата пешачка патека околу Преспанското езеро ќе се покријат со средства од државниот буџет.
Надлежното министерство во изминативе неколку години инвестираше во пешачки патеки околу природните и вештачките езера во земјава – досега се изградија патеки околу Дојранското, Мавровското и Беровското езеро.